среда, 23 октомври 2024
Генерално собрание во Гостивар

Aхмети: ДУИ е силна и победничка партија, а сакаа да ја закопаат, но договорите ќе мора да се почитуваат

„ДУИ ja претставуваа како зло за државата кое треба да се закопа за да не ја преземе државата. Беа правени планови како да се уништи ДУИ, но на ниту еден не им успеа. ДУИ повторно излезе победник заедно со сојузниците во Европскиот фронт и ниту еден нареден план нема да им успее“, порача лидерот на интегративците Али Ахмети синоќа во Гостивар на Генералното собрание на партијата. Во заклучоците од состанокот се наведува дека мора да се почитуваат националните и меѓународните договори и дека мора да се почитува волјата на Албанците изразена на избори според концептот на еднаквост создадаван со години.

Објавено на

часот

Сподели

Ахмети нагласи дека ДУИ, со партнерите, е вистинскиот, легитимен претставник на Албанците и на другите мали заедници. Тој оцени дека во моментов имаме несекојдневна ситуација и повика на единство и, како што рече, на одговорност кон државата и кон националните и меѓународните договори. Тој ги осуди напорите на политичките форуми кои имаат за цел да го попречат унапредувањето на процесите и да ги заплашат албанските граѓани.

„Браќа и сестри, ви честитам за последователните победи во текот на 22 години, тоа е четвртина век без никакви загуби во ДУИ. Средбата е свикана во вонредна ситуација заради случувањата во државата и заради ориентациите што треба да се преземат. Ние не сме безкрвни школки, не сме ја наведнале главата во ниту една ситуација затоа што тоа не ни го дозволува ниту потеклото, ниту историската ДНК на која припаѓаме. Како се случи оваа ситуација во која се наоѓаме? Сепак, треба да алармираме до политичките фактори кои го игнорираа гласот на Албанците, дека е обврска на државата да се почитуваат договорите. И националните и меѓународните договори. Имаше многу средби на политички претставници со македонско потекло, со олигарси дека државата ја преземаат Албанците и дека таа паѓа во рацете на Албанците. Се правеа планови и организации, имаше заплашувања. Но, одговорно ја вршевме нашата работа, водевме институции, одговорно ги направивме вистинските чекори во однос на унапредување на процесите. Но работите не застанаа тука. Велеа дека злото на оваа држава е ДУИ и дека треба да биде закопана. Беа правени планови како да се уништи ДУИ, но не им успеа. ДУИ повторно излезе победник заедно со сојузниците во Европскиот фронт. И ниту еден нареден план нема да им успее“, рече Ахмети.

Демократската унија за интеграција синоќа ги собра своите структури во Гостивар каде членовите на раководните тела собрани на ова Генерално собрание ги изгласаа следните три резолуции: Легитимност, Резолуција за неопходноста од спроведување на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство заедно со уставните измени и Резолуција за политичко организирање.

ДУИ констатира вознемирувачка состојба, создадена поради непочитување на политичката волја на Албанците како втора по големина заедница во државата.

Двојното мнозинство обезбедува двете главни заедници да владеат врз основа на волјата изразена на изборите, а не на самоволие и мнозинство, се наведува во заклучоците.

Албанците треба да ја продолжат практиката да излегуваат на избори, организирајќи се преку своите политички партии за да ги избираат своите претставници директно од себе, а не од победничката партија во македонскиот политички кампус, нотира ДУИ и нагласува дека „волјата на Албанците изразена на последните избори е игнорирана и ова непочитување има тенденција да го уништи концептот на еднаквост создадаван со години“.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ