недела, 20 октомври 2024
Став на лидерот на ДУИ

Ахмети бара Косово да се зачлени во Интерпол за да не се гонат припадници на УЧК како Блерим Рамадани

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Приштина изјави дека час поскоро Косово треба да стане членка на полициската организација Интерпол за да не се повторуваат случаи на апсење на поранешни припадници на УЧК по налог на Србија, како што тоа беше случај со Блерим Рамадани кој беше уапсен во Македонија.

Фото: Економијаонлајн,ком

Објавено на

часот

Сподели

Ахмети како некогашна политичка фигура на косовската УЧК, во изјава за приштинска Економијаонлајн.ком, зборувајќи за апсењето на Блерим Рамадани на 17 јули од страна на македонската полиција, а врз основа на потерница издадена од Србија, рече дека проблемите со Србија ќе продолжат.

„Ова е прашање за кое мора да се разговара со меѓународната заедница за да се забрза патот кон членство на Косово во Интерпол. Во спротивно, без членството на Косово во Интерпол и без договор со меѓународната заедница, во случајов со ЕУ и САД, Србија ќе продолжи да ги држи под притисок сите војници на Ослободителната војска на Косово, како и сите активисти. Списоците се преполни со антиокупациони активисти и на ова прашање треба да се пристапи со најголема сериозност“, рече Ахмети, оправдувајќи ја, како што наведува Економијаонлајн.ком, акцијата на македонската полиција за апсењето на поранешниот војник на ОВК.

Ахмети потенцирал дека Интерпол ги извршува одлуките донесени од земјите-членки на Интерпол и нагласил дека „Северна Македонија е членка на Интерпол, а и Албанија е членка на Интерпол, двете држави имаат обврска да ги почитуваат одлуките на земјите-членки на Интерпол“.

Инаку, Србија во потерницата имаше наведено дека го бара Блерим Рамадани поради извршени воени злосторства во Косово. Рамадани беше уапсен во Македонија, беше во притвор, потоа во домашен притвор кај роднини во Чаир во Скопје, откаде избега на Косово, каде објави своја фотографија и порача дека е добро и е со семејството.

Случајот во Македонија предизвика големо внимание и препукувања меѓу МВР и Судот за тоа чија е одговорноста што избегал. Се препукуваа и партиите, од македонскиот блок за тоа чија е одговорноста за бегството, како и во албанскиот блок но од друг апсект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ