Посетата на Ахмединеџад на Каракас е почеток на турнејата на четири држави во која ќе бидат вклучени и Никарагва, Куба и Еквадор, јавува Асошиејтед прес.
„И покрај арогантните луѓе што не сакаат да бидеме заедно, ние сме вечно обединети“, му кажа иранскиот претседател на својот колега од Венецуела.
Посетата на Јужна Америка се случува откако САД наметнаа нови санкции врз Иран поради нивните нуклеарни активности.
„Империјалистичкото лудило беснее како никогаш досега“, изјави Чавез на церемонијата на пречекот на Ахмединеџад во неговата претседателска палата во Каракас.
Одредени аналитичари веруваат дека посетата е потег на Иран да потсобере поддршка од антиамериканските сили пред можната воена конфронтација поради нуклеарната програма. На Иран ќе му бидат потребни пријатели за да може да ги блокира идните санкции во ОН, како и потенцијални пазари за економска соработка со остатокот од светот доколку сака да ги издржи санкциите.
„Кога ние двајцата ќе се сретнеме, ѓаволите полудуваат“, изјави Чавез. „Кога ние заедно би правеле бомба, горивото за неа би била љубовта. Ние водиме војна само против сиромаштијата, гладот и неразвиеноста.“
Ахмединеџад и Чавез ќе се дружат за инает на „ѓаволите“ од Западот
Објавено на
часот