сабота, 21 декември 2024

Aгресивност, тепачки и кршење предмети по забаватa „Тиквешки гроздобер“, приведени неколку лица

За време на последната вечер од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, синоќа, приведени биле неколку лица за нарушување на јавниот ред и мир, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 23:40 часот, полициски службеници ги привеле Б.Ј., 34-годишно лице од Велес и К.С., на возраст од 27 години од Кавадарци, затоа што на ул.Борис Кидрич го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Рано изутринава, во 02.50 часот, полициски службеници ги привеле М.Р., 18-годишно лице и Л.Р., на возраст од 19 години, двајцата од Прилеп, затоа што на градскиот плоштад во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со кршење на предмети и агресивно однесување кон други присутни лица.

Приведен бил и Г.П., 36-годишник од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, додека преземале службени дејствија.

По документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ