петок, 18 октомври 2024
Голманот е предавник во очите на навивачите

Агентот го нападна Милан: Сами сте си виновни што Донарума беспари замина!

Енцо Рајола проговори за потегот со кој Џиџо Донарума го навлече гневот на навивачите на Милан, вели дека „росонерите“ се криви што голманот беспари го напуштил Сан Сиро.

Објавено на

часот

Сподели

Џиџо Донарума е предавник во очите на навивачите на Милан, кои не му простуваат за начинот на кој си замина од клубот летото во 2021 година.

Голманот долго време преговараше со „росонерите“ за нов договор, двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик, па Италијанецот беспари го напушти Милан.

Но неговиот агент, Енцо Рајола сега ја раскажа нивната верзија на настаните, според која Џиџо Донарума испаѓа светец. Тој вели дека голманот уште во јануари можел да се договори со друг клуб (Јувентус), но не сакал да го стори тоа од почит кон Милан, и немал намера да си замине без да донесе пари во касата на клубот, но на крајот бил изигран.

„Имавме многу состаноци и Мино секогаш беше јасен со раководството на Милан, им стави до знаење дека немаме намера момчето беспари да замине, но Милан мора да обезбеди пласман во Лигата на шампиони“ – раскажува Енцо Рајола, кој наследи дел од империјата на познатиот агент Мино Рајола.

„Но на еден состанок во Џенова, Малдини и Масара не шокираа, „Не сме тука да разговараме за нов договор, тука сме за да ве известиме дека заврши приказната на Џиџо со Милан бидејќи веќе пронајдовме замена (Мањан)“. Му се сруши светот на Џиџо“.

„Во јануари одбивме понуди со цел да не го предадеме Милан. Преселба во Јувентус беше само под одредни услови, доколку Милан не обезбеди настап во Лигата на шампиони, и само во форма на трансфер, клубот да заработи десетици милиони од продажба, не сакавме Џиџо да замине за 0 евра“.

„Па Милан е виновен што Џиџо на крајот си замина беспари!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ