недела, 20 октомври 2024
Бразилецот требал да се пресели во Барселона

„Агентите на Винисиус ни забија нож во грб, во Реал Мадрид немаа поим кој е тој!“

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид и Барселона често се надмудруваат на трансфер пазарот за да ги добијат најголемите таленти од Јужна Америка, „каталонците“ го добија Нејмар а „кралевите“ одговорија со ангажман на Винисиус Жуниор, Родриго и неодамна Ендрик.

Клубот од Камп Ноу пак ја доби битката за потписот на Витор Роке, а еден од клучните луѓе во договарањето на зделките е Андре Кури.

Во разговор со Кадена СЕР, тој сега открива како Винисиус Жуниор и Родриго завршиле на „Бернабеу“.

„Се беше договорено за трансфер на Винисиус на Камп Ноу, но Реал дозна дека тој е во Барселона и го покани во Мадрид. Винисиус се сретна со Реал бидејќи на тоа инсистираа неговите агенти. Работевме на зделката три години и на крајот неговите агенти ни забија нож во грб. Самиот Вини ми има кажано дека навивал за Барса, плачел кога го направија епскиот кам-бек од 6-1 против ПСЖ“ – раскажува Андре Кури.

„Тоа со Винисиус беше чисто предавство, во Реал Мадрид не знаеа каков играч е тој“.

„Што се однесува до Родриго, преговаравме со Сантош, не успеавме на време да го окончаме договорот па Реал Мадрид скокна и понуди многу повеќе пари. Неговиот татко ми кажа дека ќе ја одберат Барса доколку падне дил помеѓу Барса и Сантош, но тоа не се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ