Чарлс Мекгонигал (55) беше осуден на 28 месеци затвор откако се изјасни за виновен за прикривање исплати додека како главен агент во канцеларијата на ФБИ во Њујорк помеѓу 2017 и 2019 година ги надгледувал операциите за контраразузнавање и национална безбедност.
Ова е втора затворска казна за Мекгонигал, кој во декември беше осуден на повеќе од четири години за работа за Олег Дерипаска, руски олигарх санкциониран од САД, кого обвинителите го нарекоа „поддржувач“ на претседателот Владимир Путин.
Според Министерството за правда, Мекгонигал не му кажал на ФБИ дека го плаќал албански функционер и дека со него патувал во странство на приватен бизнис.
Неговата затворска казна ќе почне кога ќе ја одлежи казната поради работење за Дерипаска, соопшти Министерството за правда, пренесува Ројтерс.