петок, 26 јули 2024

Агенцијата на ОН за помош на Палестинците одби да се евакуира од Рафа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) денеска објави дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, изјави дека агенцијата не ја евакуирала областа и дека не планира да го стори тоа.

Директорката Тума рече дека во тој град има илјадници вработени.

„УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа. Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош“, рече Тума и повика на прекин на огнот.

Односите меѓу Израел и УНРВА одамна се затегнати и се влошија за време на седуммесечната војна.

Израел ја обвини агенцијата дека соработува со екстремистичката организација Хамас и побара нејзино затворање.

УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата.

Израелската војска денеска нареди десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долгонајавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе започне наскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ