сабота, 27 јули 2024

Агенцијата на ОН: Присилно раселени повеќе од милион луѓе од Рафа

Присилното раселување избркало повеќе од милион луѓе од градот Рафа во Газа, објави Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Малиот град на јужниот раб на Појасот Газа беше засолниште за околу милион Палестинци кои избегаа пред израелските напади на другите делови на енклавата, соопштија хуманитарните организации.

Од почетокот на мај, израелската војска спроведува воена операција во Рафа, наводно за да ги елиминира борците на Хамас и да ја уништи инфраструктурата која ја користи палестинската исламистичка група која управува со Газа.

Израелската војска им нареди на цивилите да заминат во „проширената хуманитарна зона“ оддалечена некои дваесетина километри. Голем број Палестинци се изложени на израелските напади каде и да тргнат, а во последните неколку месеци се движат низ Појасот Газа бегајќи од воените дејства.

УНРВА соопшти дека илјадници семејства сега се засолнети во уништени објекти во градот Кан Јунис, каде агенцијата пружа основна помош и покрај „сè поголемите предизвици“.

„Условите не може да се опишат“, порача УНРВА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ