сабота, 27 јули 2024

Агенција на ОН: Израел повеќе не им дозволува на конвоите со храна да преминат до северот на Газа

Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) соопшти денес дека Израел ја информирал светската организација дека повеќе нема да им дозволува на конвоите на УНРВА со храна пристап до северниот дел на Газа. „Ова е неверојатно и намерно се попречува помошта со која би можеле да се спасат животи поради гладот предизвикан од луѓе. Овие ограничувања мора да се укинат“, кажа шефот на УНРВА Филипе Лазарини на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

УНРВА, која им пружа помош на палестинските бегалци во Газа и во целиот регион, е во криза откако Израел обвини неколку нејзини активисти за вмешаност во упадот на Хамас во Израел на 7 октомври. Обвинувањата го поттикнаа најголемиот донатор на УНРВА Вашингтон, како и некои други, привремено да го прекинат финансирањето, со што се доведува во прашање иднината на агенцијата.

Меѓутоа, дел од земјите, вклучувајќи ги Канада, Австралија и Шведска, решија да го обноват финансирањето на УНРВА откако Израел не пружи докази за своите обвинувања. УНРВА и Египет кажаа минатата недела дела израелските власти на Лазарини, кој бил во посета на Каиро, му забраниле да влезе во Газа.

„Со спречувањето на УНРВА да го исполни својот мандат во Газа часовникот побрзо ќе чука кон глад и многу повеќе луѓе ќе умрат од глад, дехидрација и недостиг од засолништа“, додаде Лазарини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ