сабота, 27 јули 2024

Агелер: Разочарувачки е тоа што опозицијата без факти го критикуваат проектот со „Бехтел“

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават сѐ што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава. Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.

„Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам сѐ уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени“, нагласи Агелер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ