сабота, 27 јули 2024

Агелер нема коментар за законот со кој ќе има санкции за сите од „црната листа“ на САД

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно ги поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемат транспарентноста и ќе ја зајакнат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Северна Македонија“, истакнува амбасадорката Агелер.

Овој нејзин коментар следува по најавените измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат македонските државјани и фирми кои ќе се најдат на американската и на британската „црна листа“.

Иако предлогот за измена на Законот за рестриктивни мерки помина на владина седница и покрај правните дилеми што ги посочи Министерството за правда, неизвесно е дали тие ќе бидат донесени од овој собраниски состав, имајќи предвид дека остануваат уште два месеца пред да почне кампањата за парламентарните и претседателските избори.

На „црната листа“ на САД се десетина сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и компании. Меѓу актуелните фунцкионери на „црната листа“ се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, а на неа е и поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев.

На американската „црна листа“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и рускиот бизнисмен Сегреј Самсоненко, кој има бизниси во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ