сабота, 27 јули 2024
Американската амбасадорка за општествено-политичката ситуација

Агелер: Или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против

Објавено на

часот

Сподели

„Интересно е што го користите зборот „излез“, затоа што јас не го гледам тоа како излез, туку како врата што чека оваа земја да ја турне и да помине низ неа. Јас навистина го гледам тоа како влез. Можеби тоа е американскиот оптимист во мене, но јас навистина верувам дека оваа земја е дојдена до точка кога треба да ја отвори вратата, да се втурне низ неа и да се движи напред кон својата посветла иднина, а не да се заглавува во некакви негативни наративи кои доаѓаат од внатре во земјата и надвор од неа и верувам дека може да го направи тоа“, одговара американската амбасадорка.

Агелер смета и дека актуелниот геополитички амбиент овде се рефлектира и во она што го гледаме и надвор од Западен Балкан.

На прашањето дали бугарското вето кон Македонија е геополитички или меѓусоседски проблем на некои историски недоречености или на децениски аспирации, Агеле вели дека она што е важно е дека има многу историја меѓу Македонија и Бугарија, и тоа е вистина. Таа признава дека официјална Софија користи „агресивен јазик што не е заснован на факти. 

„Има исто така луѓе кои би биле многу среќни да креираат дополнителен хаос, оние кои имаат политички придобивки од обидите да креираат наративи околу македонскиот јазик, македонскиот идентитет. Во крајна линија, минатото лето беше постигнат договор во поглед на промена на Уставот и тоа е следниот чекор кон членство во ЕУ. Така, според мене, оние кои ги користат тензиите помеѓу двете земји им прават штета на двете земји, бидејќи Бугарија ќе има придобивки колку и Северна Македонија од членството на Северна Македонија во Европската унија. Тоа ќе им помогне во однос на безбедноста, во однос на нивната економија и во однос на регионалните можности и интеграција“, смета Агелер.

Зборувајќи за (не)функционалниот систем во Македонија, американската амбасадорка во земјава вели дека Македонија се соочува со големи предизвици. 

„Не е тајна дека гледам на корупцијата и криминалот како главен предизвик со кој моментално се соочува државата. Патот кон ЕУ и реформите во тој процес помагаат во соочувањето со голем дел од овие прашања. Оваа земја многу се жртвуваше. Откако заминав пред 10 години има направено многу важни и многу тешки жртви и покажа дека може да работи на вистински проблеми кога тоа ќе се побара од неа. Верувам дека постојат добри луѓе во оваа земја на кои им е преку глава од корупција. Мислам дека сите граѓани се уморни од тоа. Не сум сретнала ниту еден Македонец, кој е помирен со корупцијата. Јас се надевам дека луѓето ќе речат „доста“ и дека ќе побараат од нивните институции да се справат со овие прашања на отворен и транспарентен начин и дека ќе бараат одговорност од лидерите, бизнисмените и другите во општеството доколку не ги следат правилата“, вели Агелер.

Според неа црната листа на САД на корумпирани функционери не е доволна бидејќи на крајот од денот, дури и ако САД одреди дека „некој е корумпиран актер, корумпиран службеник, ѝ нанесува штета на демократијата или општеството преку своите незаконски активности“, САД може само да ги прзива но не и да ги апси. 

Во интервјуто, Агелер потестува дека за 30 години самостојна Македонија, САД обезбедиле повеќе од една милијарда долари наменети за невоена помош, а повеќе од 500 милиони долари биле наменета за поддршка на владеење на правото и добро владеење, вклучително и за правосудството.

„Според нашите проценки, околу 80 проценти од обвинителите и судиите во оваа земја учествувале во една од нашите програми. Кога гледаме на тоа како инвестиција, тогаш повратот на таа инвестиција не е соодветен. Доколку продолжиме да инвестираме во правосудниот сектор на земјата, би сакале да видиме дека има разлика, дека постои интегритет и систем, бидејќи повторно се сведува на граѓаните на оваа земја, кои заслужуваат правосудство во кое го разбираат процесот, разбираат што се случува и дека не се работи само за ненадејно донесување на одлука некој да биде поставен на позиција за која е целосно неквалификуван без никакво објаснување. Се надевам и ова го посочив во писмото до Судскиот совет, дека стоиме на располагање за разговори, со цел да им помогне на луѓето во државата и дека нема да се случи поранешни политичари да креваат телефон за да се донесе одлука за одреден предмет во нивна корист“, категорична е Агелер.

Агелер е уверена дека процесот на изградба на автопатиштата во кој е инволвирана американската компанија „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија. Таа изразува разочарување поради тоа што „опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот“, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.
 

Во контекст на немањето мнозинство во Собранието за уставни измени и можни предвремени парламентарни избори, Агелер вели дека не знае дали предвремени избори ќе има но знае дека во земјава „има такви кои би сакале да му наштетат на процесот на придвижување напред“.

„Не сум убедена во тоа, но има и такви кои велат дека не ги поддржуваат уставните измени, освен ако нема предвремени избори па потоа ќе ги поддржат. Мислам дека или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против. И повторно се надевам дека оние, во која било партија, кои се грижат за иднината на оваа земја ќе ги донесат одлуките за да се продолжи напред и ќе ги преземат активностите што се неопходни за придвижување кон ЕУ. Сега дали тоа значи предвремени избори или не, дали ќе се случат следната пролет, не можам да предвидам, но ќе видиме што ќе се случи, а верувајте ми, гледаме многу внимателно“, вели Агелер.

За состојбата со медиумите, американската амбасадорка Агелер вели дека со промена на опкружувањето се променила и економијата во медиумите и свесна за притисокот што го трпат. Во однос на тоа дали медиумите лажните вести, Агелер смета дека во Македонија, во Западен Балкан стануваат повеќе алатка за манипулација, за пропаганда или за информирање на граѓаните, таа вели дека знае дека Русија игра малигна улога во однос на дезинформациите, погрешните информации, недостиг на информации и се обидува негативно да влијае врз опкружувањето.

„Важна е медиумската писменост, со цел консументите на оваа програма или она што го гледаат онлајн, граѓаните на оваа земја, да се обидат да разберат што е реално а што не, и да ги постават тешките прашања. Многу често гледаме застапници кои ги користат овие малигни актери за да креираат хаос. Тие не сакаат мирен разговор за фактите, тие сакаат да сеат хаос во земјата. Еден одличен пример за ова беа заканите за бомби што се пријавуваа во училишта низ целата држава. Тоа ги плашеше родителите, ги плашеше учениците и имаше негативен ефект. Како што ние гледаме, понекогаш ова е таргетирано, друг пат овие малигни актери ја искористуваат ситуацијата на несигурност и работат на тоа истата да се влоши. Тесно соработуваме со медиумските организации и Владата во обидите да се идентификуваат дезинформациите и што можеме да направиме за да можеме самите да ги таргетираме, вели американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер во интервју за МИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ