четврток, 26 декември 2024

Агелер: Граѓаните да гласаат за оној кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија, Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за оној претседателски кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува во пораката на амбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката се седум кандидати. Ако има втор круг тој ќе се одржи на 8 мај заедно со првиот круг од Парламентарните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ