понеделник, 20 мај 2024

Агелер до Сиљановска: Историски е изборот на првата жена претседател на Македонија

Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ ја честиташе победата на Гордана Сиљановска Давкова на претседателските избори. Таа преку X го оцени како историски изборот на првата жена претседател на Македонија и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.

Објавено на

часот

Сподели

„Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, стои во пораката на Агелер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ