недела, 19 мај 2024

Агатангел за Велигден: Македонскиот народ, државата, но и црквата мора да го зачуваат името и идентитетот

„Македонскиот народ нема друг избор освен да се ослони на Бога, да се потпре на неговиот спасоносен столб, кој го држи и покрепува секое човечко здание. Само така и на тој начин ќе опстоиме. Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија. Тоа е срамно и неправедно, а уште помалку морално. Ова важи како за македонскиот народ и држава, така и за црквата. Мнозина подло ќе се обидат да ни го омаловажат и искривоколчат секој наш успех и достигнување. Но, имајте секогаш предвид дека со Христос победуваме, он ги штити и запазува праведните, оти самиот тој е правда и вистина“. Ова е дел од велигденското послание на митрополитот на Повардарската епархија, Агатангел.

Објавено на

часот

Сподели

Митрополитот Агатангел смета дека сме доведени во тешка состојба и дека денешниот човек е збунет и дезориентиран.

„Тој како да не ја препознава вредноста, како да не знае што е нормално, а што застрането. Сè на овој свет се измешува и поматува, жената престанува да биде жена, а мажот престанува да биде маж, црното станува бело, а гревот – добродетел. Доблеста и чистотата е прогонета некаде во минатото, таа станува остаток од некаква нејасна традиција, која притиска и затапува. Сега, како генерација, мораме да застанеме на патот на оваа демонска наезда. Ако тоа час поскоро не го сториме, тогаш духовно ќе се разориме себеси одвнатре, дури тогаш ќе станеме морално плитки и исушени. Затоа, македонскиот народ нема друг избор освен да се ослони на Бога“, вели тој.

Утрово на прв ден Воскресение Христово – Велигден,  се служеше Златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а со литургијата во храмот „Св. Кирил и Методиј“ чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ