сабота, 27 јули 2024

Африм Гаши ниту потврдува ниту демантира дека е договорено да биде претседател на Собранието

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, која партија е дел од коалицијата Вреди, во интервју за ТВ Алсат на прашањето дали во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ е договорено тој да биде претседател на Собранието, не одговори ниту потврдно, ниту одрече.

Објавено на

часот

Сподели

„За нас е важно Албанците да продолжат да извршуваат една од трите главни функции во државата. Но сеако, бидејќи е познато кој ја има функцијата претседател на државата, а кој ќе биде премиер, побаравме функцијата претседател на Собранието да ја извршува Албанец, односно да ѝ припадне на Вреди. Договорот уште не е конечен, начелно се договоривме за некои позиции, исправно е да се почека за овие преговори и договори со ВМРО-ДПМНЕ да се произнесат нашите партиски органи и верувам дека ќе се постигне финален договор во законскиот уставен рок, а тоа е до 28 мај. Тој ден верувам дека ќе се конституира парламентот и дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши.

Лидерот на Алтернатива рече деа коалицијата Вреди е вистинсиот победник на изборите меѓу Албанците оценувајќи дека разликата во гласови и мандати што ја има коалицијата на ДУИ се должи на гласовите на неетнички Албанци.

Инаку, според тоа што може да се дознае од преговарите, во „пакетот“ на Вреди покрај претседател на Собранието, се и функциите прв вицепремиер, шест министри, седум заменици министри и раководни позиции на околу 400 агенции и управи. За прв вицепремиер се споменува лидерот на Демократско движење Изет Меџити, а вицепремиер за евроинтеграции би требало да е кадар на  Алтернатива. Оваа партија ќе има и двајца заменици министри,  за образование и во Министерството за односи меѓу етничките заедници. Демократското движење на Меџити ќе ги има и Министерството за екологија и двајца заменици министри во Министерството за внатрешни работи и во транспорт и врски. Движењето Беса ќе има две министерства, Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика. Партијата на Биљал Касами, кој одлучи да остаен градоначалник на Тетово, ќе има и заменик министер за култура. Двајца министри ќе има и Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари – министри за здравство и без ресор како и заменик министри за одбрана и за земјоделство. Таравари не ја исклучи можноста тој самиот да го води здравството, иако се спомнуваше враќање на Фатмир Меџити на таа функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ