сабота, 27 јули 2024

Африм Гаши ќе биде собраниски спикер, тој веќе поднесе оставка од претседател на Алтернатива

Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, соопшти дека поднесе оставка на функцијата претседател на партијата поради неспоивост со функцијата претседател на Собранието на Македонија. Партиската функција формално ќе ја извршува Беким Сали, поранешен министер за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

„На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во
четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за
кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република
Северна Македонија. Бидејќи Уставот во член 67, определува дека
претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или
функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од
функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на
партијата.

Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го
овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на
партијата до конечното решавање на темата на претседателот на
Алтернатива“, се вели во соопштението од Африм Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ