сабота, 27 јули 2024

АФПЗРР денеска ги исплати парите за амортизирани несилки и маторици

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа оттаму, 36 земјоделски стопанства кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 година, добија финансиска поддршка од 82 милиони денари.

Финансиската поддршка е 120 денари по несилка.

За мерката за женски приплодни грла маторици се исплатени 256 земјоделски стопанства кои одгледуваат минимум пет маторици и  ги чувале до 30 ноември 2023 година. Исплатената финансиска поддршка изнесува седум милиони денари, а висината на директните плаќања е 1.000 денари по грло маторица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ