понеделник, 6 јануари 2025

Аеродромот во Санкт Петербург ги прекина летовите

Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги запре слетувањата и полетувањата за да се гарантира безбедноста на цивилните авиони, објави руската воздухопловна управа Росавијација.

Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Не ја разјасни причината за одлуката за привремено прекинување на воздушниот сообраќај, но руските аеродроми претходно беа затворени поради заканата од напади со украински беспилотни летала на нивна територија.

Александар Дрозденко, гувернерот на регионот каде што се наоѓа градот Санкт Петербург, изјави дека руските сили собориле два беспилотни летала во Финскиот залив.

„Аеродромот привремено не прима ниту испраќа летови“, напиша претставник на Росавијација на Телеграм.

„Екипажот на авионите, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се гарантира безбедноста на летовите – тоа е врвен приоритет“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ