сабота, 27 јули 2024

Аеродром за птици

Објавено на

часот

Сподели

Ова е една мошне урбана локација затоа што се поставени посебни контејнери за да се остави пластика, стакло, хартија… за рециклирање. Има и неколку контејнери за ѓубре, ама како и секогаш, капакот е проблем, или има или нема капак, ако има не затвора или пак, не го затвораат капакот откако ќе фрлат ѓубре. Или од многу ѓубре не може да се затвори. 

Така ѓубрето и разната отпадна храна ја рециклираат птиците, а потоа обвивките во пластична, хартиена или станиол форма си се разлетуваат низ населбата со секое разлетување на птиците.

птици контејнери

А, птиците се разлетуваат кога ќе дојде мачката зашто и таа треба да касне од саламите и другите месни остатоци. Потоа и мачката бега кога ќе дојде кучето. И кучето бега или „јаде“ потоа некој стап кога ќе дојде човекот кој исто така сака да провери што има пред и во контејнерите, кој гледа што може од тоа тука да се искористи или пак, да се изеде.

Синџир на исхрана во аеродромот за птици.

Ех, вечно Скопје….

                                                                                                                          Текст и фотографии: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ