среда, 23 октомври 2024

Aeродром бара од Град Скопје итно поставување семафори кај ОУ „Љубен Лапе“

Општина Аеродром упати апел до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на ул.Коста Новаковиќ кај ООУ „Љубен Лапе“.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот“, велат од Општината и додаваат дека утрово на таа локација излегле в. д. градоначалникот, Дејан Митески и командирот на полициската станица во Аеродром, Тони Петровски,  со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од Општината велат дека во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на поминувањето на возилата и на пешаците пред почетокот на првиот училиштен час.

„Но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем. Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот“, велат од Општина Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ