недела, 20 октомври 2024
Не се плашат од нови нереди

АЕК пристигна во Загреб: Ќе играме за семејството на убиениот навивач

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот помеѓу Динамо и АЕК (вторник 20 часот) ќе биде под будно око на фудбалската јавност откако минатата недела се случија големи инциденти во Атина кога во судар на навивачките групи, едно момче беше избодено до смрт.

Експедицијата на АЕК пристигна во Загреб под големо полициско обезбедување а тренерот на гостите порача дека не се плаши од нови нереди.

„Дојдовме да играме фудбал, не се плашам од нови нереди. Во фудбалот сум веќе 30 години, и фудбалот за мене секогаш носел радост. Но морам да признам дека бев многу тажен поради тоа што се случи минатата недела. Ќе играме за историјата на АЕК но и за семејството на момчето кое го загуби животот“ – порача Матиас Алмеида.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ