недела, 20 октомври 2024

АЕК одбил на полицијата да ѝ предаде снимки од своите навивачи, не сакаат да соработуваат

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерни лист“ се повикува на информации од блиски кругови околу целата ситуација, според нив АЕК одбива да даде снимки на полицијата од камерите кои се на ОПАП Арената.

Наводно од снимките се гледа како навивачите на АЕК се собираат околу стадионот и таму ги чекаат „Бед Блу Бојс“. Тие со себе имале пиротехнички средства, сигнални ракети, молотови коктели и ножеви.

Хрватите сметаат дека АЕК не сака да соработува со полицијата со цел да не се пренесе дел од вината и на нивните навивачи.

„Вечерни лист“ дознава и дека седум припадници на „БББ“ се избодени и се наоѓаат во полициска станица, а најмалку двајца се изгорени од сигнални ракети.

На овие повредени лица не им била дадена никаква медицинска помош, тие и понатаму се во полициската станица. Полицијата не сакала да ги евидентира како повредени бидеји тогаш би се открило дека и Грците користеле ножеви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ