сабота, 27 јули 2024

Адвокатот вели дека го возел Палевски за Белград зашто му рекол дека мора да оди на преглед

Васко Стојков, адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен дека ги убил девојчето Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјави за телевизија Телма дека не знаел за својот клиент дека е осомничен, а го возел за Белград бидејќи му било кажано дека мора да оди на преглед и дека немал регистрирано возило за да оди сам. Инаку денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека Палевски е недостапен бидејќи заедно со својот адвокат заминал за Белград, а оттаму за Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е сè во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече, ќе одел во Истанбул“, изјави адвокатот Стојков во разговор за Телма и кажал дека освен што му бил адвокат на Палевски, биле и пријатели..

Тој веќе бил повикан во полиција и дал изјава во врска со случајот. Вели, како адвокат не би го сторил тоа доколку знаел дека клиентот е вмешан во ваков случај. Но, додаде дека му јавил да се врати во земјата и да даде исказ. Каков одговор добил, тоа го знае полицијата. Повеќе нема контакт со Палевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ