Тошковски е адвокат по професија, доаѓа од Велес и во минатото го има застапувано и ЕСМ (Електрани) во период кога со компанијата директоруваше Мицкоски. Велковски, пак, краток период мина на функцијата генерален секретар во Град Скопје, пред да биде разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.
За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложено сосема ново решение, а тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.
Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По струка е дипломиран земјоделски инженер.
За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.
Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се состане и официјално ќе ги соопшти членовите на техничка влада.