сабота, 27 јули 2024

Адвокатот на Трамп: Главната цел е отфрлање на обвинението

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека предлозите за отфрлање мора да бидат приоритет бидејќи ја ампутираат оваа правна грешка во стартот“, кажа Трасти за Еј-би-си.

На прашањето што мисли за нападот на Трамп на судијата Хуан Мерчан, неговото семејство и окружниот обвинител Алвин Браг, поради што Трамп на суд бил предупреден да внимава на своите изјави, Трасти кажа дека тој лично не сака да се придружи на критиките.

Тој додаде дека коментарите на Трамп претставуваат критика на судијата и обвинителот поради нивната пристрасност, а не напад врз нивните семејства.

„Нема премногу да се грижам, ниту можам да се обидам да ја контролирам политичката ситуација во овој момент“, додаде Трасти.

На Трамп во Њујорк му се суди поради обвинувањата дека преку посредник ѝ давал пари на порно глумицата Сторми Дениелс за да не излегува во јавност и да зборува за нивниот наводен однос пред изборите во 2016 година.

Трамп на сослушувањето се изјасни дека не е виновен, додека обвинителството го обвини за политички прогон.

„Претседателот е очигледно многу отпорен човек. Тој е вознемирен поради целата оваа ситуација затоа што е таргетиран, и тоа е целата суштина. Ова е лош момент за целата држава“, кажа адвокатот на Трамп, споредувајќи го обвинението со „бајат сендвич“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ