сабота, 27 јули 2024

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за претседател дури и ако го затворат

Адвокатскиот тим на Доналд Трамп за Би-би-си соопшти дека ништо нема да се смени во неговата борба за нов претседателски мандат и покрај тоа што беше осуден во Њујорк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на поранешната порно глумица Сторми Дениелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

Трамп стана првиот американски претседател осуден за некакво злосторство, но тврди дека судењето е наместено и дека станува збор за политички организиран прогон.

Адвокатката на Трамп Алина Хаба изјави дека поранешниот претседател на САД е „жртва на политички и селективен прогон“. По седумнеделното судење во кривичниот суд на Менхетн, Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки на обвинението. пресудата се очекува на 11 јули. Тој најави дека ќе се жали на кривичната пресуда.

Хаба кажа дека тој ќе се кандидира на американските претседателски избори во ноември дури и ако биде осуден.

„Видовме корупција во оваа земја која, искрено, никогаш претходно не е видена во нашиот правосуден систем“, кажа Хаба. „Тоа е многу реално, тоа не е никаква игра, тоа е стоотстотен проблем со кој оваа земја ќе мора да се соочи и носи во ноември“.

„Тој се кандидира за претседател, тука ништо нема да се смени. Луѓето на кои им е потребен во оваа земја, бидејќи искрено тоа е поважно од сè што кој било друг мисли, тие луѓе гласно зборуваат, донираат, тие се мали донатори, и се креваат бидејќи се плашат, бидејќи не можеме да дозволиме ова да се случува“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ