понеделник, 30 декември 2024

Адвокатите на Трамп предлагаат судењето да се закаже за април 2026 година

Објавено на

часот

Сподели

Бараниот датум на судење ќе биде по американските избори во ноември 2024 година, на кои Трамп е фаворит за републиканската номинација.

„Јавниот интерес лежи во правдата и правичното судење, а не во брза пресуда“, напишаа вчера адвокатите на Трамп, пренесе Ројтерс.

Американскиот специјален советник Џек Смит, чија канцеларија ја води постапката против Трамп во случајот со изборите во 2020 година, минатиот четврток побара од американската окружна судијка Тание Чаткан да го закаже судењето за 2 јануари 2024 година.

Тој датум е две недели пред првото гласање на републиканските претседателски предизбори во 2024.

Портпаролот на Смит во четвртокот одби да коментира надвор од претходниот судски поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ