сабота, 27 јули 2024
Потпишан меморандум за соработка

Адвокатите и обвинителите се здружија за подобар правосуден систем

Објавено на

часот

Сподели

Меморандумот, како што соопшти Адвоткатската комора, има за цел размена на искуства, знаење, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси.

„Согласно меморандумот, Комората и Здружението ја изразуваат својата согласност за соработка и давање меѓусебна поддршка во насока на заедничко учество во стручни и научни проекти, анализи, заемно учество во советување, работилници и други професионални состаноци организирани од страна на договорните страни; организирање и учество на конференции, симпозиуми, семинари, обуки, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес; размена на искуства во организирање на континуирана правна обука; размена на правна литература, истражувачки извештаи изготвени од договорните страни и соработка на стручните служби со договорните страни“, наведуваат од Адвокатската комора. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ