сабота, 27 јули 2024

Адвокат бара од Врховниот суд да расправа за аболициите на претседателот Иванов

Врховниот суд денеска на неговата официјална веб-страница објави дека до судот е доставена Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

 

Објавено на

часот

Сподели

Ако Врховниот суд донесе позитивниот начелен став тоа би значело бетонирање на помилувањата што ги даде поранешниот претседател. А доколку се случи тоа, помилуваните функционери, на кои уште им се суди, меѓу кои и на поранешниот премиер Никола Груевски, би се спасиле од кривичен прогон, пишува Призма.

Во неоладена атмосфера по експресно донесените измени во Кривичниот законик, со кои од затвор се спасуваат обвинетите функционери, на повидок е нов правен пресврт. Иако врховните судии Цветанка Периќ, Џемали Саити, Африм Фидани, Мирјана Лазарова-Трајковска и Сафет Кадрии, во пресудата за предметот Транспортер веќе се изјаснија дека помилувањата на Иванов не важат, тоа не го разубедило адвокатот по друг правен канал да побара да се отвори прашањето за аболицијата. Освен тоа, за воопшто Врховниот суд да разгледува иницијатива со која треба да усвои начелен правен став, треба да постои различна судска пракса од различни судови, за што не станува збор во овој случај“, пишува БИРН.

Судот има рок од најмногу шест месеци да расправа по Иницијативата на адвокатот.

Ако Врховниот суд донесе таков став, тоа би му одело во прилог на експремиерот Никола Груевски, чиј адвокат Димитар Дангов, летово побара судот вонредно да ја преиспита правосилната пресуда во случајот Плацови на Водно. Во тој предмет, Груевски е осуден на 9 годишна затворска казна, а едно од решенијата на Ѓорѓе Иванов за помилување е токму за кривичноto дело, за кое е осуден поранешниот премиер во овој предмет. Груевски би се офајдил и во предметот Титаник, каде што е обвинет, но и помилуван дека злоупотребил пари за финансирање на изборната кампања и дека го повредил избирачкото право на гласачите“, пишува БИРН.

За адвокатската иницијатива треба да се расправа по усвоените измени на Кривичниот законик во Парламентот, бидејќи се предвидени помали затворски казни, а со тоа и побрзо застарување на кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, кривични дела за кои најмноги се обвинети поранешни сегашни функционери.

Граѓанските организации утрово најавија дека се повлекуваат од учество во изработка на новиот Кривичен законик. Сметаат дека нивното учество е „беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото“.

Веднаш реагираа од Министерството за правда. Оттаму оценија дека Блупринт групата избрзала со одлуката да се повлече од работата за изготвување нов Кривичен законик кој не е поврзан со измените на постојниот законик кој пред еден месец беше изгласан во Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ