сабота, 27 јули 2024
Крвопролевање во Белград

Адвокат: Ако момчето е под 14 години, не може кривично да одговара

Објавено на

часот

Сподели

Како што прецизира Савиќ во изјава за Танјуг, доколку осомничениот има повеќе од 14 години се третира како помлад малолетник и како најстрога казна може да му се изрече посебна мерка, а доколку се утврди дека има ментално растројство, може да му се изрече мерка лечење во посебна установа.

Во Законот за малолетници е предвидено и постар малолетник да биде осуден на максимална казна од пет години.

Савиќ нагласува дека во Србија старосната граница за кривична одговорност е 14 години, додека во некои земји таа граница е 12 или 10 години, како во Англија.

Според Савиќ, како дел од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската Унија било споменато дека во Србија треба да се намали старосната граница, но тоа не се случило.

„Во некои земји дури и родителите во такви случаи можат да одговараат за кривично дело убиство, додека кај нас законот не го предвидува тоа“, истакна Савиќ, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека во некои држави во САД малолетниците може да бидат осудени на смрт, а нивните родители да одговараат за кривично дело убиство.

Родителите на детето што го стори ова злосторство можат да одговараат за кривично дело запуштање и негрижа за детето, за што е предвидена казна затвор до три години, а можат да одговараат и по граѓанска тужба врз основа на тужби на родителите на повредените деца.

Исто така, родителите на ранетите и убиените деца ќе можат, освен родителите на осомничениот, да ги тужат и училиштето и осигурителната компанија доколку децата биле осигурени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ