среда, 5 март 2025

Адриен Броди го собори рекордот за најдолг говор за примање Оскар (ВИДЕО)

Адриен Броди, познат по своите долги говори, во неделата официјално го собори рекордот за најдолг говор за Оскар во историјата, пренесуваат американските медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во неделата, 51-годишниот актер го освои својот втор Оскар за главната улога во историскиот еп „Бруталист“ на Брејди Корбет. Првиот Оскар го доби во 2003 година за филмот „Пијанист“.

Откако го прими трофејот од победникот за најдобра машка улога во 2024 година, Килијан Марфи, Броди продолжи да зборува неверојатни пет минути и 40 секунди.

Тоа е десет секунди подолго од претходната Гинисова рекордерка, Грир Гарсон, која зборуваше пет минути и 30 секунди по освојувањето на Оскар за најдобра актерка во 1943 година за нејзината улога во воената романса „Госпоѓа Минивер“.

Во својот поздравен говор, Броди ги спомна своите конкуренти за наградата за најдобар актер – Колман Доминго, Тимоти Шаламе, Ралф Фајнс и Себастијан Стен – нарекувајќи ги „прекрасни човечки суштества, чија работа зрачи со грациозност, добрина и брилијантност“.

Откако Броди ги достигна доделените 45 секунди што победниците вообичаено ги имаат да зборуваат, започна да свири карактеристичната оркестарска музика во позадина, информирајќи го дека неговото време истече.

Меѓутоа, наместо да го заврши говорот, како што направија многу други победници, Броди им рекол да ја прекинат музиката.

„Ќе завршам“, вети тој, „Исклучи ја музиката, ова го правев и порано. Благодарам. Ќе бидам краток“, изјави тој.

На крајот од својот говор тој заклучи: „Ве сакам. Ве ценам сите. Да се бориме за она што е правилно, да продолжиме да се смееме, да продолжиме да се сакаме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ