недела, 29 декември 2024

АДКОМ: ЕВН ни ја исклучи струјата и го загрози уставно загарантираното право на вода за пиење 

Објавено на

часот

Сподели

„ЕВН флагрантно ги прекршил правилата за снабдување со елетрична енергија во кој стои дека „испораката на електрична енергија не смее да се прекине поради доцнење на плаќањето на фактурите, во рок утврден со договорот за снабдување, на потрошувачите кои имаат објекти и инсталации во кои со прекинот би се довеле во опасност животот и здравјето на луѓето, сигурноста на објектите и постројките, како и објектите кои се од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните, како што се: болници, клиники, специјални здравствени установи, станици за итна помош и друга итна интервенција, стационари, заводи за  трансфузија на крв, центри за дијализа, здравствени домови, пречистителни станици… 

Со договорот се предвидени и можни решенија за настанатите случаи, кои ЕВН не ги зел предвид. Со самоволната одлука, непочитувајќи го и не водејќи сметка за јавниот интерес ЕВН исклучи електричната енергија во објекти од витално значење. За да не дојде до несогледливи и опасни последици, бараме ЕВН да ја вклучи електричната енергија во јавните комунални претпријатија. Исто така бараме поддршка во разрешување на неповолната состојба и од Владата, Министерството за здравство и другите надлежни институции. Од надлежните судови бараме да бидат донесени позитивни одлуки за времени мерки“, се вели во реакцијата на здружението на даватели на комунални услуги во Македонија.  

Бидејќи исклучувањето со снабдување на електричната енергија  е неуставно, а доверителите трпат штета Jавните комунални претпријатија се спремни да ги преземат сите законски постапки спрема ЕВН, соопшти АДКОМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ