Причина за раскинувањето на соработката на Адидас со Ливерпул се високите цени, но најмногу катастрофалните резултати на „црвените“, па тие од идната сезона ќе настапуваат во опрема „Вориор спортс“, која е дел од компанијата „Њу Баланс“.
Од новиот спонзор Ливерпул ќе добие двојно повеќе пари и тоа 25 милиони фунти во следните шест години, а за „Вориор спортс“ ова е прва соработка со некој голем европски клуб. Инаку компанијата досега била спонзор само на хокејски тимови.
„Нивната цена согледана и со резултатите не е избалансирана. Тоа е приказната“, рече Херберт Хајнер, извршниот директор на Адидас.
Адидас лани оствари рекордна продажба од 1,5 милијарди евра, а е партнер на ФИФА и УЕФА, како и на Летните Олимписки игри во Лондон.