сабота, 27 јули 2024
Беса Адеми останува судијка и претседтелка на Врховниот суд

Адеми за МКД.мк: Одлуката на Судскиот совет е правична и праведна

Одлуката на Судскиот совет е правична и праведна, е првата реакција на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми дадена во изјава за МКД.мк откако денеска Судскиот совет со мнозинство гласови одлучи да ја запре постапката за нејзнино разрешување од функцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката на Судскиот совет е правична и праведна. Ова е голем ден за судството во Македонија. Во таа смисла отсега па натака да продолжиме со интензивна работа за исполнување на стандардите, констатациите и препораките на Европската Унија“, вели во изјава за МКД.мк, Адеми.

На денешната седница со 7 гласа за и 4 против Судскиот совет одлучи да ја запре постапката за разрешување на судијката Беса Адеми од функцијата претседателка на Врховниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ