„Одлуката на Судскиот совет е правична и праведна. Ова е голем ден за судството во Македонија. Во таа смисла отсега па натака да продолжиме со интензивна работа за исполнување на стандардите, констатациите и препораките на Европската Унија“, вели во изјава за МКД.мк, Адеми.
На денешната седница со 7 гласа за и 4 против Судскиот совет одлучи да ја запре постапката за разрешување на судијката Беса Адеми од функцијата претседателка на Врховниот суд.