сабота, 27 јули 2024

Адеми веќе нема да игра за Македонија, стави крај на репрезентативната кариера

Селекторот Благоја Милевски потврди дека Аријан Адеми од лични причини решил да стави крај на репрезентативната кариера.

Објавено на

часот

Сподели

32-годишниот Адеми кој беше значаен дел од македонската репрезентација, реши веќе да не игра за Македонија.

Неговата одлука ја потврди селекторот Милевски и рече дека Адеми може ќе има натпревар за збогување, најсоодветен би бил дуелот со Хрватска кој го играме на 3. јуни.

„Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје“, рече селекторот Милевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ