четврток, 23 мај 2024
Избори 2024

Адеми: Вечерва победата е наша, таа е одлучувачка за унапредување на демократијата

Европскиот фронт денеска оствари голема победа, како што победи и пред две недели и таа е одлучувачка за натамошното унапредување на демократијата, рече шефот на изборниот штаб на Европскиот фронт, Арбер Адеми на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места. Toj изрази очекување дека коалицијата Европски фронт ќе добие најмалку 20 пратеници и дека има повеќе од 30 илјади гласови во споредба со Вреди. Адеми прогласи убедлива победа во Струга, Кичево, Дебар, Врапчиште и предност во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково и во други места.

Објавено на

часот

Сподели

„Процесот на изборите денеска се одвиваше мирно и без инциденти и верувам дека нема има проблеми. Изразуваме благодарност на секој гласач што ја избра европската иднина, но воедно ги осудуваме обидите од страна на опозицијата која со лажни вести сакаше да сее паника и страв“, рече Адеми.

„Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историски триумф на овој сенароден референдум, кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема да има, народот го кажа својот збор и ние ке останеме верни на волјата на граѓаните. Победата е наша и на сите вас кои кажавте НЕ на Русија, ДА за Европа. Масовното учество на граѓаните ќе биде одлучувачко за натамошното унапредување на демократијата“, рече Адеми.

На новинарско прашање дали Европскиот фронт повикуваше на бојкот на изборите, Адеми рече:

„Имавме сооппштение дека Европскиот фронт остави на граѓаните да изберат дали ќе гласаат за избор на претседател на државата. Тоа според бројките за излезноста се гледа, има помала излезност на претседателските во однос на парламентарните избори, но таа не е одлучувачка.  Имало наши поддржувачи кои гласале, и има поддржувачи кои не гласале за претседателските избори“.

Адеми наведе дека гласале на изборите лидерот Ахмети, премиерот Џафери, заменик министерот за внатрешни работи, без да каже дали тие гласале и на двојните избори.

На прашањето дали тој лично гласал за претседателските избори, Адеми одговори:

„Јас не гласав“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ