петок, 13 септември 2024

Адеми со два гола донесе три бода за Шкендија од Струмица

Шкендија со 2-0 славеше на гостувањето кај Брера во последниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Објавено на

часот

Сподели

Првото полувреме во Струмица помина без погодоци, а во вториот дел истапи Фитон Адеми кој го реши натпреварот.

По две минути игра во второто полувреме Адеми донесе водство за Шкендија од 1-0, а во 63. минута ги постави конечните 2-0.

По три одиграни кола Шкендија собра седум бода, Брера има само три.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ