недела, 19 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Aдеми: Секој глас за Вреди е глас за ВМРО-ДПМНЕ

По денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со еден од лидерите на Вреди, Арбен Таравари, во седиштето на таа коалиција во Скопје, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми на Фејсбук, под фотографијата на Таравари и Мицкоски, порача: Секој глас за Вреди е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Адеми од прес-конференција порача дека од Европскиот фронт не е разговарано со партиите за поддршка на некој од претседателските кандидати.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО – Вреди! Гласот за Вреди е глас за ВМРО! Никој не може да го отфрли народот!
Се гледаме на 8 мај! Ќе се случи народ“, напиша Адеми на Фејсбук.
Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија средбата на Мицкоски со Таравари и рекоа дека станало збор за принципите за можноста за идна коалиција и заедничка соработка.
Претходно, на прес-конференција Арбер Адеми рече дека граѓаните треба да одлучат како ќе се однесуваат во вториот круг од претседателските избори.

„Тие се слободни да гласаат врз основа на нивната слободна волја. Тие ќе треба да одлучат како да се однесуваат. Во среда ве покануваме да бидете дел од народниот референдум, повеќе од кога било да ја поддржите платформата на Европскиот фронт. Никој не може да го прекине европскиот пат на нашата држава. Во среда масовно да излеземе и да гласаме“, рече Адеми.

Адеми рече дека немале официјална средба со претставници на ниту едната од двете македонски партии за да ги поддржаат нивните претседателски кандидати.

„Немаше официјална средба. Меѓутоа, жални и разочарувачки се изјавите на еден од кандидатите, односно на г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, која со својот дискурс и реторика не враќа во минатото и тоа минато не ни има донесено ништо добро. На овие избори убедливо ќе победи Европскиот фронт. Ќе победиме затоа што тоа е волјата на граѓаните. Овие избори имаат посебна и многу важна симболика – победа на европската агенда над руската, победа на посветлата иднина наспроти обидот за враќање назад пред 2001 година“, рече Адеми.

Тој потенцира дека опозициските ривали се натпреварувале само со пораката против Европскиот фронт без никаква платформа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ