среда, 1 јануари 2025
ДУИ реплицира

Адеми: Предлагаме изборен праг од 5 отсто, а „може и закон за доживотен мандат за Павле Трајанов“

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека прагот од пет отсто е во функција за да се обезбеди политичка стабилност.

„Политичката нестабилност не оди во прилог ниту на државата, ниту на граѓаните. Ако господинот Трајанов сака да има загарантирано пратеничко место доживотно, ајде да разговараме и за тоа, но во рамките на работната група. Треба да бидеме конструктивни. Токму поради овие причини, Демократски сојуз беше против отворени листи за советници, бидејќи така целата јавност ќе дознае кој колку тежи во политичката сцена и затоа беа против. И нивното образложение во рамки на работната група пред локалните избори беа во оваа насока. Но лобирањето и кампањата пред граѓаните е најнормална работа“, рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека ниту ДУИ, ниту било која од албанските партии самостојно не може да го достигнат овој праг, Адеми рече дека ова „не е блеф и оти ДУИ поддршката што ја уживаа може да се потврди и да се направи проста математика дали пет отсто е достижно или не“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ