сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на портпаролот на ДУИ

Адеми: Изборот на претседател во Собранието е вин-вин ситуација за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Остануваме на идејата претседателот на државата да се избира во Собранието за да се обезбеди општествен, натпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието како и етнички консензус преку Бадентерово мнозинство за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии, рече денеска портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми со прес-конференција одржана пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. На таа партија тој ѝ порача дека предлогот не претставува уцена, туку дека е „вин вин“ ситуација и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, како и за граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Адеми рече дека на тој начин ќе се заштедат околу 20 милиони евра, но и десетици илјади граѓани ќе се поштедат од процесот на собирање потписи, како и дека сите граѓани исто така ќе бидат поштедени од кампањата и учеството на изборите за функција која има протоколарен карактер.
„Лидерот Али Ахмети уште во 2009 година на Вториот изборен Конгрес на Демократската унија за интеграција во Скопје ги наброи 12-те позиции, тогаш недостижни за Албанците, меѓу кои и претседател на државата.
Од тогаш, оваа прогресивна идеја ја имаме во Изборната програма од 2014, 2016 и 2020 година и ја реализираме чекор по чекор. Време е драги граѓани, после првиот премиер Албанец, првиот вицепремиер, министерот за надворешни работи, тој за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот суд, претседателите на футбалската, боречката и боксерската федерација, да го отвориме патот и  претседателот на државата да биде и Албанец“, рече Адеми.Тој рече дека во ДУИ се разочарани што ВМРО-ДПМНЕ, еднаквоста ја гледа како уцена, и избрзува, како и секогаш, како што нагласи, со отфрлање на прогресивни идеи поради заробеноста на конзервативниот ум во замислената етничка доминација во заедничката држава.Затоа, нагласи Адеми, Албанците, Македонците и сите други граѓани треба масовно да ја дадат својата недвосмислена поддршка за Бујар Османи.„Ни требаат сите гласови за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство и да продолжиме одлучно кон ЕУ. Ова е вин – вин шанса и за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за сите граѓани“, рече портпаролот на ДУИ и додаде дека така и ќе се спречи Русија и руското влијание.
„Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се произнесе против Русија, за Европа како и да се огради од поетичните про-путинистички ставови на нивната веќе еднаш поразена русо-носталгична кандидатка Гордана Давкова“, рече на крајот Адеми.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ