сабота, 27 јули 2024

Адеми: Дојде време за претседател Албанец, доста беше од надгласување од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Само со гласање за Бујар Османи за претседател на државата и со гласање за најсилната партија – ДУИ може да се постигне целта со уставни измени да се овозможи шефот на државата да се избира во парламентот и со тоа да се избегна како до сега, Албанците да бидат надгласувани од двете најголеми партии на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, изјави пратеникот и портарол на ДУИ, Арбер Адеми кој својата прес-конференција ја одржа пред претседателската вила Водно. Тој рече дека е дојдено време и за претседател Албанец, односно, за Бујар Османи, како што нагласи. Aдеми не пропушти да искаже критика за претседателот Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

„По прв премиер Албанец, а пред тоа со прв министер за одбрана Албанец, потоа со претседатели на Управен суд, на боречката, фудбалската, боксерската федерација, Народен правобранител Албанец, дојде време да го отовриме патот и претседателот на државата да биде Албанец“, рече Адеми.

Токму ова идеја, „дериватите“ на ДУИ предводени од разрешениот претседател на Алијанса за Албанците, рече Адеми, не ја разбрале кога ден претходно ја прочитале, обезбедуајќи го говорот на лидерот Али Ахмети.

„Ова идеја Ахмети ја претстави на Вториот изборен конгрес на Демократската нуија за Интеграција во 2009 година во Скопје кога наброја 12 позиции, тогаш недостижни за Албанците. Истата ја имавме и во во изборните програми од 2014, 2016 и последно, од 2020 година. Но, иако дериватите на ДУИ читаат и не разбираат,тие ни прават голема услуга паѓајќи во нашата стапица за да ја присвојат идејата на ДУИ. Тоа многу добро го разбираат во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ, а уште подобро разбираат Албанците и граѓаните на Македонија“, рече Адеми.

Тој нагласи дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство и според Бадентеровиот принцип, со цел да се обезбеди општествен, натпартиски консензус,

„На тој начин ќе се избегне техничко нагласување од страна на двете најголеми македонски партии“, потенцира Адеми и им порача на сите граѓани, без оглед на етничката припадност, да дадат поддршка за ова барање, но и да гласаат за Бујар Османи за шеф на државата.

„Уставни измени за избор на претседател на државата и уставни измени за Договорот за добрососедство, тоа ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ДУИ ќе се постигне ова“, додаде Адеми.

На новинарско прашање дали ДУИ очекува за Османи да добие гласови и од неалбански средини, како на пример во едно Пехчево во источниот дел на Македонија, Адеми рече:

„Секако дека очекуваме. Д-р Бујар Османи во моментов се наоѓа во Обединетите нации каде ги застапува интересите на државата и ги претставува сите граѓани без оглед на нивната етничка и друга припадност“.

Адеми рече дека ДУИ е во добра комуникација со претседателот Стево Педнаровски, сепак, додаде:

„Пендаровски направи голема грешка со непотпишувањето на указот за Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на тој начин ги штити Асоцијацијата на казината и обложувалниците. На 28-ми е предвидена седница во Собрание, тоа е следна недела каде точка на дневен ред е токму овој закон и очекувам дека пратениците ќе бидат на страна на граѓаните, како и на страната на Движењето антикоцкање. Доста е со казина и обложувалници на секое ќоше и речиси во дворовите на училиштата. Како и да е,  според правната рамка најдоцна во рок од 30 дена Собранието пак треба да се изјасни за предлог-законот. Веќе добиваме поддршка од сите пратеници и со апсолутно мнозинство, со 61 глас очекувам дека на трето читање ќе биде усвоен овој закон и така ќе го штитиме интересот на граѓаните’.

Коментирајќи на одлуката на албанскиот Парламент да ја укине четиригодишната забрана во делот обложувањето по допис од Европската Комисија бидејќи премногу се коцкало на црно, Адеми рече дека таму се целосно затворени објектите на игрите на среќа и посочи дека законот во нашата земја не го вели тоа.

„Кој е против донесувањето на овој закон? Кој протестира надвор? Кој протестира пред Собранието? Казината и обложувалниците. Кој е за овој закон – ДУИ и сите тие пратеници 55 кои гласаа на второ читање за донесување на овој закон“, рече Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ