„Им честитам на сите граѓани, имавме мирен изборен ден на кој граѓаните ја искажаа својата политичка волја. Имавме фер и демократрски избори и демократски беше целиот изборен процес. Тоа е наш заеднички успех бидејќи покажавме демократски капацитет. Им честитам на сите учесници на изборите затоа што покажавме дека имаме капацитет како држава членка на НАТО и партнер на ЕУ“, рече Адеми.
Тој нагласи дека граѓаните имаа можност преку гласањето да истакнат каква е нивната политичка волја и упати порака до граѓаните.
„Сакаме да знаете дека вашата волја е запишана и дека ќе биде дел од политиката на идната власт. Мора волјата на граѓаните да се почитува, а наше е таа волја да ја преточиме во акција“, рече Адеми.
Тој оцени дека камањата беше напорна, но вредна, како што нагласи.,
„Тоа беше европска кампања и треба сите да се гордееме. Да им се заблагодариме и на сите партии и учесници во нашата коалиција“, додаде портпаролот на изборниот штаб.
На новинарско прашање колку е задоволен од одзивот на гласачите тој одговори.
„Очекуваме голема, историска победа на нашиот кандидат Бујар Османи“.