четврток, 22 февруари 2024

Адана Демирспор е во финансиска криза, Манев со месеци не добил плата

Ѕвездата на Адана Демирспор, Мбае Нианг се пожали дека четири месеци не добиле плата, тоа е клубот каде што настапува и македонскиот репрезентативец, Јован Манев.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот играч на Милан, Мбае Нианг сака што побрзо да замине од Адана Демирспор, тој јавно се пожали дека не земале плата веќе четири месеци.

„Што се однесува до искуството во Турција на теренот, добро е. Играм добро, стартер сум, животот тука е убав, но… Во Адана Демирспор веќе четири месеци немаме земено плата. Сфаќам дека се доцни, но четири месеци е премногу“, открива Нианг.

Ваквата изјава на Сенегалецот значи дека и македонскиот репрезентативец, Јован Манев се соочува со истите проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ