сабота, 27 јули 2024
Главниот државен ревизор за состојбите

Ацевски: Македонија мора да обезбеди еднакви услови за живот и да ја искорени сиромаштијата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги презентираше конечните национални ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“, како и Заедничкиот ревизорски извештај за паралелната ревизија спроведена помеѓу Државниот завод за ревизија на Македонија и Државната ревизорска институција на Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Главниот државен ревизор Максим Ацевски рече дека од спроведените ревизорски активности заклучокот е дека степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен.

„Подготвувајќи ги ревизиторските алатки и методологија, која што во суштина претставува основа за постапување и спроведување на наведената ревизија, утврдивме неколку клучни суштински области кои ќе бидат предмет на ревизија, а тоа е дали целите за одржлив развој на Обединетите нации се имплементирани во стратешките документи на државно ниво. Од спроведените ревизорски активности, од она што обезбедивме докази, нашиот тим заклучи дека имаме задоволитетелн степен на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка и стратешките документи“, рече Ацевски.

Додава дека има потреба од имплементација на вкупните 17 цели за одржлив развој. Во делот на капацитетите на човечките ресурси и обезбедените финансиски средства, Ацевски прецизираше дека има потреба од подобрување на активносите во насока на обезбедување еднакви услови за живот, искоренување на сиромаштијата, обезбедување еднакви услови за образование, како и обезбедување владеење на правото.

„Меѓутоа во делот на она што значи капацитети на човечките ресурси, обезбедените финансиски средства, како и мониторингот при известување имаме потреба од подобрување на активносите во насока на обезбедување еднакви услови за живот и искоренување на сиромаштијата, обезбедување еднакви услови за образование, обезбедување владеење на право, односно имплементација на вкупните 17 цели за одржлив развој. Би сакал да истакнам дека во самата ревизија користевме поддршка од експертски тим, којшто во суштина направи истражување за она што значи степенот на информираност на засегнатите страни и нивната информираност во делот на утврдување на активности на целите за одржлив развој, рече Ацевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ