сабота, 27 јули 2024

Абрамович емотивно се збогува од Челси

Објавено на

часот

Сподели

Заврши ерата на Роман Абрамович, клубот од понеделник и официјално ќе почне да биде воден од новите сопственици.
 
Рускиот милијардер денеска и официјално со опрости од Челси.
 
„Поминаа речиси три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам Челси. Во тој период тимот напорно работеше да го најде вистинскиот сопственик за Челси кои би бил најдобро позициониран за со успех да го води клубот во новото поглавје. Сопственоста на овој клуб доаѓа со голема одговорност. Откако јас дојдов во Челси, пред речиси 20 години, од прва рака сведочев на успесите на клубот. Мојата цел беше да осигурам следниот сопственик да има начин на размислуваше што кќе осигура успех за машкиот и женскиот тим, како и да продолжи да ги развива другите клучни аспекти на клубот како што се академијата и работата со фондацијата Челси. Задоволен сум што оваа потрага сега дојде до успешно заклучен договор. Сега кога го предавам Челси на новите сопственици, би сакал да им посакам многу успех, на теренот и надвор од него. Ми беше чест што бев дел од овој клуб, би сакал да им се заблагодарам на сите минати и сегашни фудбалери, стручни штабови и се разбира фановите за овие неверојатни години. Горд сум што како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од добротворната фондација која се формираше. Ова е наследство што го создадовме заедно. Ви благодарам. Роман“, стои во соопштението на Абрамович. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ