Црвена звезда не заслужи да загуби на Сан Сиро, српскиот тим можеше да дојде и до победа, но на крај остана без бодови.
На три минути пред крајот од првиот дел Леао даде гол за водство на Милан од 1-0. Тоа беше резултатот на полувремето.
Во 67. минута Радоњиќ испрати бомба од далечина и го совлада Мењон за израмнување на 1-1.
Милан тешко создаваше шанси, се мачеше, но на крајот по една мешаница во шеснаесетникот на Црвена звезда, Абрахам најдобро се снајде и погоди за победа на росонерите од 2-1.
ВАР се прегледуваше за регуларноста на голот, се чинеше дека ќе биде досуден фаул за Црвена звезда. Но, судиите одлучија дека тоа е гол. Милан ги освои трите бода.