петок, 25 октомври 2024

Абердин нема да го продаде Миовски во јануари

И покрај сериозниот интерес од неколку клубови, Абердин не сака да го продаде Бојан Миовски во јануарскиот преоден рок.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски веќе втора сезона игра во голема форма во дресот на шкотскиот клуб Абердин, таквите игри на Македонецот го привлекуваат интересот на гигантите.

Но, Абердин му соопштил на Миовски дека немаат намера да го продаваат во јануари, доколку сака да замине ќе треба да се стрпи до следното лето.

Неговиот соиграч, Лејтон Кларксон вели дека неопходно е Миовски да се задржи во клубот.

„Многу е важно да го задржиме Бојан. Тој нè спаси на многу натпревари. Би сакал да остане и знам дека тоа го сакаат и останатите во клубот. Миовски постигна 14 голови и тоа е многу добро за нас“, кажа Кларксон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ